Нова пауза за Клајн, ќе се врати во февруари

0

Десниот дефанзивец на Ливерпул и репрезентативен играч Натаниел Клајн, ќе биде отсутен од фудбалскиот терен околу три месеци, откако ќе мора да оди на нова операција на грбот.

26-годишниот фудбалер не играл по добивањето на повредата за време на подготовките пред стартот на сезона на мечот против Транмере во јули. Тој продолжи со тренинг во септември, но повторно почувствува болка и мораше да помине втора хируршка интервенција.

Овој фудбалер се очекува да биде подготвен да се врати на теренот дури во средината на февруари наредната година.

Share.

Leave A Reply