Србинот Новак Ѓоковиќ и Швајцарецот Роже Федерер за првпат ќе играат заедно во игра на двојки на „Лејвер купот” во Чикаго. Двојката ќе биде дел од тимот на Европа. Интересно е што ова за нив ќе биде првиот меч на кој ќе бидат од истата страна на мрежата, откако досега имаат 46 дуели, еден против друг.
Јужноафриканецот Кевин Андерсон и Американецот Џек Сок ќе играат за „Остатокот од светот”, а мечот е на програмата ноќта меѓу петок и сабота.
Претходно во ова натпреварување силите ќе ги одмерат Димитров и Френсис Тиафо, а по нив и Едмунд и Сок. „Лејвер куп” е на програмата од 21-23 септември во „Јунајтед центар”.