Новак Ѓоковиќ се сели од Монте карло во Марбела (Шпанија)

0

Најдобриот светски тенисер и 17-кратен победник на Грен слем турнирите Новак Ѓоковиќ одлучил да се пресели од Монте Карло (Монако) во Марбела (Шпанија), објави “Телеграф“.

За време на првиот бран на пандемијата на коронавирусот, Новак беше во Марбела и го засака ова место. Тука подоцна се опоравуваше откако се зарази со коронавирусот на Адриа Тур. Првично, Србинот планираше да изнајми куќа во Шпанија, но на крајот ја купил за 10 милиони евра.

Вилата се наоѓа во елитен дел на Марбела со поглед на море и планина. Куќата има 9 спални и 8 бањи. Ѓоковиќ на располагање ќе има и базен, тениско игралиште и голема градина. Куќата има сала за фитнес, пинг-понг и снукер простории како и домашно кино.

Share.

Leave A Reply