Новак обезбеди пласман во 4. коло во Мајами

0

Светскиот рекет број 1 Новак Ѓоковиќ го совлада Аргентинецот Федерико Делбонис во три сета со 7:5, 4:6, 6:1 за два часа игра и обезбеди пласман во 4. коло на турнирот во Мајами.

Ѓоковиќ го доби првиот сет со 7:5, но во вториот иако почна со водство од 3:1, Делбони се врати за 6:4 и го испрати натпреварот во трет сет. Таму Србинот не му остави шанси на противникот и му дозволи да освои само гејм.

Во меч за место во четвртфиналето Ѓоковиќ го очекува дуел со Роберто Баутиста Агут (Шпанија), кој во ова коло беше подобар од Фабио Фоњини (Италија) со 6:4, 6:4.

Share.

Leave A Reply