Новата сезона во Бундеслигата ќе започне во петок, 18 септември. Ова го соопшти Германската фудбалска асоцијација.
Традиционално, сезоната во Германија ќе биде отворена со натпреварите од првото коло во националниот куп. Натпреварите од оваа фаза ќе се одиграат помеѓу 11 и 14 септември.
Сезоната во Бундеслигата обично започнува кон средината на август, но тоа нема да биде можно годинава, бидејќи тогаш ќе се играат европски клупски натпреварувања. Поради оваа причина, федерацијата предвидува и некои измени со цел исполнување на роковите за крајот на сезоната 2020/21.
Тие ја најавија дека зимската пауза ќе биде многу пократка, со натпревари од првенството закажани во првиот викенд на јануари. Новата сезона треба да заврши до крајот на мај, бидејќи Европското првенство во фудбал, кое е одложено за една година поради пандемијата на коронавирусот, треба да започне на 11 јуни 2021 година.