Новата сезона во НБА кошаркарската лига нема да започне пред 25 декември. Стартот на новата сезона во најсилната кошаркарска лига првично беше планиран за први декември, но по последните состаноци на челниците на лигата е утврдено дека стартот ќе мора да почека најмалку до Божиќ.
НБА исто така ќе го помести драфтот за 2020 година, кој требаше да се одржи во јуни. Поради пандемијата на коронавирус тој беше поместен за 16 октомври, а потоа за 18 ноември.
Со поместување на драфтот од октомври во ноември, НБА и синдикатот на играчи ќе имаат време да направат некои измени и дополнувања на колективниот договор и договорите за плата за сезоната 2020/21, пренесува ESPN.