Нови грижи за Гвардиола

0

Интернационалецот во редовите на Манчстер Сити, Кевин Де Бруин, ја повреди тетивата на мечот со Астон Вила и ќе мора да паузира најмалку четири недели објавија медиумите во Англија.

Фудбалерот од Белгија  беше принудно заменет во  59. минута од натпреварот откако се пожали на болка во ногата. Де Бруин ќе мора да ги пропушти средбите со Челтенам во ФА купот како и дуелите со ВБА, Шефилд Јунајтед, Барнли, Ливерпул, Тотенхем во Премиер-лигата.

Се претпоставува дека искусниот играч од средниот ред ќе му биде на располагање на Пеп Гвардиола за дерби мечот со Арсенал.

 

Share.

Leave A Reply