Нови имиња беа запишани во „Куќата на славните“ во НХЛ

0

Финскиот напаѓач, Теему Селане и Канаѓанецот, Пол Кери, влегоа во „Куќата на славните“ на Националната хокеарска лига – НХЛ.

Заедно со нив беа запишани имињата и на двајца поранешни канадски хокеари: Дејв Андрејчук и Марк Реки а на списокот беа ставени и: двократната олимписка и осумкратната светска шампионка со Канада, Даниел Гоет, поранешниот универзитетски тренер, Клер Дрејк,  како и сопственикот на Бостон Селтикс – Џереми Џејкобс. 47-годишниот Селане ја заврши кариерата во 2014 година. Тој е олимписки вице-шампион од Торино 2006, светски шампион од 1999 година и победник на Стенли Купот со Анахајм во 2007 година.

Финецот е рекордер во лигата со најмногу голови во дебитантската сезона – 76 кога играше за тимот на Винипег. Кари е олимписки шампион со Канада од Солт Лејк Сити во 2002 и светски шампион од 1994 година.

Share.

Leave A Reply