Нови натпревари од ЛШ, некаде неизвесност, а некој игра за чест и премии

0

Денес треба да се одиграат последните натпревари во 4 од групите на Лигата на шампионите. Повеќето од нив носат многу возбудување затоа што ќе ни ги дадат последните патници од овие групи во нок-аут фазата, но и Лига Европа. Постојат меѓутоа и натпревари, од кои не зависи ништо и тимовите ќе играат само за чест и за премиите од УЕФА.

Во групата „А” Манчестер Јунајтед има потреба од бод дома против ЦСКА (Москва), за да заврши на првото место. „Црвените” ѓаволи ” ќе се пласираат и при пораз, освен ако тоа не е со повеќе од 6 гола. Тој услов важи во случај  Базел да победи на гостувањето кај Бенфика и три екипи имаат по 12 бодови. ЦСКА ќе продолжи само ако заврши со повеќе бодови од Базел. Задачата на Швајцарците е полесна, бидејќи гостуваат кај екипата на Бенфика која нема никакви шанси, а освен тоа имаат и предност во директните дуели со ЦСКА Москва.

Во група „Б“ ПСЖ и Баерн (Минхен) одамна ги елиминираа Селтик и Андерлехт и останува единствено да се дефинира кој ќе го освои првото место. Единствената опција тоа да не биде ПСЖ е Баерн да победи против екипата на Унаи Емери на „Алијанц Арена” со 4 или повеќе голови разлика.

Слична е ситуацијата и во битката за третата позиција меѓу Селтик и Андерлехт. Белгијците загубија дома со 0:3, што значи дека треба  со поголем резултат да победат во Глазгов, за да го елиминираат Селтик.

Во групата „Ц” Челзи веќе си обезбеди учество во осминафиналето, но се стреми да заврши на првото место. Ова би можело да биде со победа против Атлетико Мадрид. Во случај на нерешен резултат или загуба, „сините” повторно имаат шанса да ја задржат лидерската позиција, но само ако Рома не победи против Карабах дома. Три бода на Рома автоматски ќе значат дека Атлетико ќе заврши на третото место и нема да игра во елиминации. За да продолжат понатаму од Атлетико имаат потреба од победа на „Стемфорд Бриџ” и кикс на Рома. Карабах сигурно ќе биде последен во групата.

Барселона веќе си го обезбеди првото место во групата „Д”, a фаворит за второто е Јувентус. Италијанскиот гигант гостува на Олимпијакос и може да одлучи сè со победа. Нерешен резултат ќе му даде шанса на Спортинг (Лисабон) да го потисне Јувентус од втората позиција со евентуален успех на „Камп Ноу”. Олимпијакос нема шанси дури и за третото место.

 

Група А:
Бенфика – Базел
Манчестер Јунајтед – ЦСКА (Москва)

Група Б:
Баерн (Минхен) – Пари Сен Жермен
Селтик – Андерлехт

Група Ц:
Челзи – Атлетико Мадрид
Роми – Карабах

Група Д:
Барселона – Спортинг (Лисабон)
Олимпијакос – Јувентус

Share.

Leave A Reply