Нови проблеми за Рома пред дербито со Наполи

0

Проблемите во Рома пред дербито со Наполи се зголемуваат со секој изминат ден. Уште еден играч може да го пропушти дуелот на „Олимпико” кој се игра утре, а тоа е Кевин Строотман.

Тоа е уште еден проблем пред тренерот Ди Франческо, кој не може да смета на овој натпревар и на Стефан Ел Шарави, кој се врати со повреда од натпреварите на националниот тим, како и на Емерсон Палмиери, Грегори Дефрел и Патрик Шик.

Строотман бил на последниот тренинг на својата екипа , но повредата не е целосно санирана и тренерот нема да ризикува со неговото здравје, па ќе го чува за мечот од Лигата на Шампионите против Челзи.

Даниеле Де Роси и Лоренцо Пелегрини исто така се вратија со лесни повреди од дуелите на Италија, но нивната состојба не е толку тешка и се очекува да бидат готови за мечот со Наполи.

Share.

Leave A Reply