Дејан Недев освои златен медал во кати на Европскиот шампионат (ЕШ) во Питешти, Романија. Тоа е 7-ма европска титула во неговата долга и богата кариера.
Јадранка Недева исто така освои златен медал во кати кај сениорките а Матеј Ангеловски освои сребрен медал во фукуго и бронзен во кого-кумите. Во јуниорска конкуренција со злато во кого-кумите се закити Мила Саздова а во фукуго го освои сребрениот медал. Антонија Белазелкоска во кадетска конкуренција во кати и фукуго освои бронзени медали.
На ЕШ во Питешти учествуваат 387 каратисти од 24 земји.