Нови возбудувања во ЛШ, дербито е меѓу Јувентус и Барселона

0

Вечерва не очекуваат вториот дел од натпреварите од 2.коло во Лигата на шампиони. Нова серија атрактивни пресметки од Лигата на шампионите се на програмата вечерва ,а секако најитересно ќе биде на дербито во групата „Г“ .

Дербито на оваа група и вечерта е помеѓу Јувентус и Барселона. Двете екипи започнаа со победи во првото коло, но не се убедливи на домашната сцена и имаат што да им докажат на своите навивачи. За жал коронавирусот не дозволи вечерва да гледаме дуел меѓу Кристијано Роналдо и Меси, португалецот беше позитивен и на последниот тест кој му беше направен вчера. Ференцварош во Будимпешта го пречекува Динамо (Киев) во натпревар што ќе биде важен во трката за третото место во групата.

ПСЖ ќе мора да се вади по поразот на домашен терен од Манчестер Јунајтед. Денес, тимот на Томас Тухел гостува кај Башакшехир во Истанбул и тешко дека ќе си дозволи уште еден кикс. „Црвените ѓаволи“ се среќаваат со РБ Лајпциг на натпреварот помеѓу екипите кои остварија победи во првото коло. Доколку еден од двата тима ги освои трите бода, ќе биде многу блиску до пласман во следната фаза.

Челзи и Севиља разочараа со нерешениот резултат на стартот, но од стратешка гледна точка беше добредојдено за фаворитите во групата Е. Вечерва тимот на Френк Лампард ќе гостува кај амбициозниот Краснодар, а Севиља ќе се сретне со Рен.

Во можеби најизедначената група „Ф“, Борусија (Дортмунд) ќе биде домаќин на Зенит, откако двата тима ги загубија своите први натпревари. Бриж го пречекува Лацио. На стартот  Лацио одигра одлично против Борусија, а Белгијците во последната минута го победија Зенит среде Санкт Петербург. Лацио на оваа средба има големи проблеми и во Белгија не отпатуваа голем број на првотимци.

Денес на програмата:
Група Е
18.55 Краснодар – Челзи
21.00 Севиља – Рен

Група Ф
21.00 Клуб Бриж – Лацио
21.00 Борусија Д. – Зенит

Група Г
21.00 Јувентус – Барселона
21.00 Ференцварош – Динамо Киев

Група Х
18.55 Башахшехир – ПСЖ
21.00 Манчестер Ј. – РБ Лајпциг

Share.

Leave A Reply