Нови возбудувања во ЛШ, неколку дерби средби не очекуваат вечерва

0

Синоќа бевме сведоци на неколку супер интересни натпревари и доста голови во Лигата на шампионите, а денеска треба да се одиграат уште 8 натпревари од 4-то коло во групната фаза.

Несомнено, со најголем интерес се очекува дуелот меѓу Јувентус и Манчестер Јунајтед. Италијанскиот гигант го доби мечот пред две недели на „Олд Трафорд” и ако денес повторно излезе како победник, ќе биде сигурен осминафиналист. За „црвените ѓаволи” е задолжително да се вратат неппоразени од Торино, во друг случај би го загрозиле пласманот понатаму. Во вториот натпревар од групата Валенсија го пречекува Јанг Бојс по серијата разочарувачки натпревари во Ла Лига. Популарните „Лилјаци” сеуште немаат победа во Лигата на Шампионите, но одиграа две нерешени на гостински терен, а денес ќе имаат шанса да направат голем чекор кон второто место.

Во групата „Е” Баерн Минхен има наизглед лесна задача против АЕК, но баварците се далеку од својата најдобра форма, а и во Атина не беа убедливи и долго не успеваа да го скршат отпорот на домашната екипа. Од друга страна овој викенд им претстои дербито со Борусија (Дортмунд), може да се очекува дека Нико Ковач ќе им даде шанса на дел од резервите. На другиот мечк, Бенфика го пречекува Ајакс. Во првиот натпревар меѓу нив Холанѓаните победија со гол во дополнителното време и водат на табелата, заедно со Баерн. Бенфика само со победа ќе ги задржи реалните шанси за пласман во осминафиналето.

Група „Ф“ е доста интересна. Манчестер Сити започна со изненадувачки пораз од Олимпик Лион, но потоа забележа две победи и денес ќе бара нов успех против Шахтјор (Донецк), со кој би се зацврстил на првото место. Пред две недели, „граѓаните” ја покажаа класата во Украина и победија со убедливи 3:0. Олимпик Лион игра добро и има 5 поени по првите три натпревари, а ако додаде уште 3 по вечерашниот домашен натпревар против Хофенхајм, со една нога ќе биде во следната фаза.

Европскиот клубски шампион Реал Мадрид игра доста променливо од почетокот на сезоната, вклучувајќи ја и Лигата на шампионите. Реал гостува на Викторија (Плзен), откако во првиот натпревар против Чесите победија со минимални 2:1. Реал е должен да победи, да не ја писпушти контролата во група и да ја врати својата изгубена самодоверба. ЦСКА (Москва) го пречекува лидерот во оваа група, Рома. ЦСКА ги изненади сите со победата над Реал и се во битка за осмиотфинале. Од друга страна Рома е лидер на табелата со 6 поени и успех во Москва може да им гарантира 90% учество во фазата на елиминации.

Share.

Leave A Reply