Новицки повторно ќе организира хуманитарен меч

0

Една од ѕвездите на НБА лигата, Дирк Новицки, ќе организира фудбалски натпревар во чест на легендата на Формула 1, Михаел Шумахер.

Мик Шумахер, син на поранешниот шампион во Формула 1, е првиот пријавен. Натпреварот наречен – „Шампионите во добротворни цели”  ќе биде одигран на 3 јули во Мајнц. Собраните средства ќе бидат донирани на семејството на Шумахер. Мик Шумахер кој има 18 години вози во Формула 3. натпреварувањето. Мирослав Клосе некогашниот репрезентативец на Германија и шампионот во Формула 1, Мика Хакинен, исто така ќе учествуваат на ревијалниот натпревар.

„Се подготвувам за средбата. Нормално е да бидам дел од „ Шампионите во добротворни цели “, изјави Мик Шумахер. Дирк Новицки кој остави посебен белег на кошаркарските терени пред се во НБА лигата, организираше слична манифестација и во 2016 година.

 

 

Share.

Leave A Reply