Новиот предизвик за Симевски е ЖРК Куманово

0

Доскорашниот предводник на ЖРК Вардар и селекторот на женската ракометна репрезентација Симе Симевски од денес е нов тренер на екипата на ЖРК Куманово.

Поранешниот тренер на Вардар ќе седне на клупата на тимот кој минатата сезона беше победникот на Купот на Македонија. Симевски најави дека сака нов предизвик, а го најде во Куманово. Кумановчанки испишаа историја на домашен терен кога стигнаа до Куп трофејот со победа над Вардар.

Сега на клупата ќе го имаат искусниот стратег, со кој ќе се обидат да стигнат до шампионската титула во Супер лигата. Минатата сезона предводник на ЖРК Куманово беше Ненад Краљевски.

Share.

Leave A Reply