19-годишниот фудбалер на Бенфика, Жоао Феликс е пред трансфер во Атлетико Мадрид. Според португалскиот весник „Рекорд“, тој денеска пристигнува во Мадрид каде треба да го потпише договорот.
Атлетико Мадрид ќе ја плати откупната клаузула која изнесува 120 милиони евра, а фудбалерот ќе добие годишна плата од шест милиони евра.
Жоао Феликс минатата сезона постигна 15 голови за Бенфика и имаше и девет асистенции. Се поврзуваше со повеќе клубови, но веројатно ќе заврши во Атлетико Мадрид.