Новите мега пресметки во ЛШ ќе бидат на Пиринеите

0

Дуелот меѓу титаните Реал Мадрид и ПСЖ ќе ја одбележи денешната понуда од 1/8 финалето во Лигата на фудбалските шампиони. Мечот на „Сантијаго Бернабе “ од 20.45 часот ќе биде магнет за целата фудбалска планета. „Кралевите“ сакаат по трет пат во серија да ја освојат ЛШ додека Французите кои направија своевиден дрим-тим, посакуваат конечно да стигнат до европскиот врв.

„Светците“ се уверени дека можат да стават крај на серијата на Реал во ЛШ од 17 последователни натпревари без пораз. Можни формации: РЕАЛ М (4-3-3):  Навас;  Фернандес, Варан, Рамос, Марсело;  Модриќ, Крос, Каземиро,  Бејл, Бензема и Роналдо. За ПСЖ (4-3-3):  Ареола; Алвес, Маркинос, Т. Силва, Курзава; Верати,  Џовани;  Рабиот, МБапе, Кавани и Нејмар. Судија ќе биде Италијанецот Џанлука Роки. Во вториот денешен меч  на стадионот „Драгао“,  екипата на Порто ќе му биде домаќин на Ливерпул. Иако Португалците на дури 24 натпревари во сите конкуренции немаат пораз, „црвените“ покажуваат голема доза на оптимизам. Порто и Ливерпул досега се сретнале 4-ри пати. Англичаните победиле на два меча а исто толку завршиле нерешено. Веројатни состави: Порто (4-4-2):  Касиљас,  Переира, Рејес,  Бранд, Алекс, Корона,  Херера, Оливеира,  Брахими; Тешеира и Марега . За гостите во формација  (4-3-3) треба за започнат: Кариус; Арнолд, Ван Дајк, Матип,  Робертсон, Вајналдум, Хендерсон, Чембрлен; Салах, Фирмино и Мане. Судија ќе биде Даниел Орсато од Италија.

Во вчерашните воведни мечеви од првата елиминациска фаза, Манчестер Сити го прегази Базел во Швајцарија со 4-0 по што реваншот во Англија ќе биде само формалност. Италијанскиот пак, Јувентус и Тотенхем одиграа нерешено 2 спрема 2. Тој резултат  им дава мала предност на „спарси“ за реваншот во Англија. Средбите од Лигата на шампионите можете да ги следите во специјализирана вечерна програма на Спортско радио 90,3 ФМ.

Share.

Leave A Reply