Ново позитивни тестови на Ковид-19 во македонскиот ракомет

0

Проблемите со коронавирусот во македонскиот ракомет никако да завршат. Иако сезоната е во мирување и требаше да продолжи следната седмица, очигледно не чека ново одложување.

Вториот тим на Еурофарм Пелистер утрово објави дека во своите редови има два случаи на позитивни ракометари. Како што информираат од клубот се работи за двајца ракометари, додека останатите членови на тимот веднаш се тестирани и во текот на денешниот ден ги очекуваат нивните резултати.

Share.

Leave A Reply