Првите луѓе на најсилната светска кошаркарска лига размислуваат да ја намалат плеј-оф серијата на три меча доколку продолжи сезоната – 2019/20.
Во моментов луѓето од НБА лигата ги разгледуваат сите опции а сопствениците на клубовите се надеваат дека истата ќе може да се заврши со мини плеј-оф со учество на 16 екипи. Мечевите би се одиграле пред празни трибини. Постои опција во плеј-офот да се игра само еден натпревар.
НБА ја прекина сезоната поради пандемија на корона-вирусот со надеж дека во текот на летото ќе се создадат какви-такви услови за доигрување на шампионатот.