Нуи немал желба да замине во Ферари

0

Главниот дизајнер на Ред Бул, Адријан Нуи, во едно интервју раскажа дека во кариерата на три пати бил повикан од Ферари но, дека секогаш го преферирал тимот од Милтон и дека ги одбил понудите на Скудерија. Нуи има работено и за други големи тимови во Формула 1 како што се Вилијамс и Мекларен.

„Кога ја започнав кариерата во Индикар, Ферари одлучија да прават болид и ми предложија да им се придружам како главен дизајнер на проектот но, јас одбив. Потоа добив посериозна понуда од Жан Тод кој во 1996 година“ – вели Нуи.

„Тој ме покани да бидам технички директор. Во тој момент требаше да изберам дали да останам во Вилијамс, да се приклучам на Мекларен или да одам во Ферари. Јас сепак сакав да останам во Велика Британија“ – раскажа Нуи.

 

 

Share.

Leave A Reply