Нзонзи пред трансфер со позајмица во Галатасарај

0

Играчот од средниот ред на Рома, Стивен Нзонзи ќе се пресели во турскиот гигант Галатасарај.

Двата клуба се согласија фудбалерот да се пресели во Истанбул со позајмица од една година за сума од 1 милион евра. Галатасарај ќе ја покрие целата плата на играчот, што е помеѓу 3 и 4 милиони евра. Договорот вклучува опција за Турците да го купат за 15 милиони или да продолжат со позајмица за уште една година.

Италијанците сè уште се обидуваат да ја направат клаузулата да биде обврзувачка, што не е желба на Галатасарај. Нонзи пристигна во Рим минатото лето, но не успеа да ги покаже игрите кои ги прикажуваше во дресот на Севиља.

Share.

Leave A Reply