Напаѓачот на Арсенал, Пјер-Емерик Обамејанг нема намера да го обнови договорот со клубот, а тоа е порадии интересот на Барселона.
Напаѓачот од Габон, не потпишал нов договор со Арсенал, бидејќи чека понуда од Барселона. Напаѓачот знае за интересот на каталонскиот клуб и ќе донесе одлука дури откако ќе открие колку се сериозни намерите на Шпанците. Сегашниот договор на Обамејанг важи до летото 2021 година.
Арсенал ги започна преговорите за продолжување на договорот на напаѓачот на почетокот на сезоната. Но, проблемот беше во тоа што Обамејанг реши да ја види понудата од други клубови па затоа реши да не го обновува договорот.
Официјалната верзија беше дека играчот сака да биде сигурен дека клубот ќе игра во Лигата на шампионите следната сезона. Сепак, се појави информација дека причина за тоа е интересот од страна на Барселона, кои бараат замена за напаѓачот Луис Суарез.