Во натпреварот од 6. коло на англиската Премиер лига, Арсенал загуби од Лестер Сити со резултат 0:1. Единствениот гол беше постигнат на крајот од натпреварот, во 80-та минута кога Џејми Варди кој влезе од клупата за резервни играчи успеа да го совлада Бернд Лено.
Напаѓачот од Габон, Пјер-Емерик Обемејанг го заврши овој натпревар без постигнат гол. Така, тој нема постигнато гол на пет натпревари по ред во шапмпионатот на Англија. Ова му се случи на Обамејанг за прв пат во ноември 2014 година, кога играше за Борусија Дортмунд.
Обамејанг се пресели во Арсенал од Борусија во 2018 година за 64 милиони евра. Како дел од лондонскиот клуб, тој ги освои англискиот ФА куп и суперкупот 2019/2020. Арсенал во следното коло (1 ноември) ќе игра на гостински терен против Манчестер Јунајтед.