Облак го изедначи рекордот на Куртоа во дрeсот на Атлетико М

0

Голманот на Атлетико Мадрид, Јан Облак, кој во текот на викендот бранеше на средбата со Леванте одиграна во рамките на Примера Дивизион, дојде до вкупно 154  средби во дресот на шпанскиот состав со што се израмни со Тибо Куртоа кој претходно три сезони бранеше за „јорганџиите“.

Облак има примено само 92 гола во 154 натпревари (0,5 на дуел) а на 89 средби успеа да ја сочува мрежата недопрена. Репрезентативецот на Словенија сега води битка со голманот на Барселона, Марк-Андре Тер Штеген, за награда – „Замора“, која му се доделува на голманот што ќе прими најмалку голови во Примера во една сезона.

Облак има предност пред германскиот репрезентативец бидејќи примил два гола помалку – 15. Облак досега има две такви награди исто како и неговиот претходник Куртоа кој сега брани во Челзи.

Share.

Leave A Reply