Тренерот на кошаркарите на Фенербахче, Жељко Обрадовиќ, на завршниот Ф4 турнир кој ќе се реализира од денеска до недела во Белград, ќе се обиде да го освои десеттиот пехар во Евролигата.
„Многу сум среќен што можам да поминам одредено време со значајни луѓе. Знам колку е тешко да се стигне до завршниот турнир“ вели тофејниот тренер кој со неговиот тим ќе ја брани титулата од претходната сезона.
„Пред финалето размислувам само за дуелот со Жалгирис. Атмосферата ќе биде одлична, од Истанбул ќе дојдат многу навивачи а Белграѓани ќе имаат избор за кого да навиваат“ – вели Обрадовиќ.