Очајна игра и убедлив пораз на Вардар од Кил

0

Македонскиот и европски ракометен шампион Вардар, доживеа тежок пораз на домашен терен во мечот од 4. коло во Лигата на шампионите против германски Кил. Во едно катастрофално прво полувреме во кое „црвено-црните“ постигнаа само 4 гола од кој првиот од игра дури во 20 минута од средбата, беше јасно дека нема шанси против еден од големите фаворити оваа сезона дури и за освојување на европската круна.

Кил на крајот славеше со 31:20 и му го нанесе првиот пораз на европскиот шампион. Најдобар кај Вардар беше Тимур Дибиров со пет постигнати гола, го следеше Кристопанс со четири додека Пекелер со осум гола беше најефикасен кај гостите.

Share.

Leave A Reply