Од Челзи порачуваат: Реал само може да сонува за Азар

0

Челзи ќе го блокира секој обид на Реал Мадрид да го привлече во своите редови Еден Азар во текот на летото, иако на тој начин тимот ризикува да го пушти без пари, бидејќи Белгиецот ќе влезе во последната година од договорот, тврди весникот „Сандеј Експрес” .

Раководството на „сините” е категорично дека нема да се разделат со својата ѕвезда и во исто време ќе се стремат да го убедат за да го парафира новиот и подобрен договор. Договорот на Белгиецот истекува во летото 2020 година и практично при ваквиот потег лондончани ризикуваат многу.

Не е тајна дека Зинедин Зидан, кој неодамна ја презеде повторно клупата на „кралевите”, исклучително многу ска Белгиецот да дојде во неговата екипа по секоја цена би сакал да го виде на „Бернабеу”.

Флорентино Перез исто така е голем фан на Азар и се очекува во текот на летото Реал да подготви солидна понуда за привлекување на овој играч, која сепак најверојатно ќе биде одбиена од Челзи.

Share.

Leave A Reply