Легендата на фудбалскиот клуб Челзи и на чешкиот фудбал, Петр Чех, потпиша договор со професионален хокеарски клуб. Веста ја потврди официјалната страница на англискиот Гилфорд Феникс, каде ќе игра 37-годишниот голман.
Тој ќе го направи своето деби на 13 октомври и ќе може да покаже што може на мразот.
„Се надевам дека можам да му помогнам на овој млад тим да ги постигне своите цели. Ќе се обидам да бидам што е можно покорисен на средбите каде ќе добијам шанса да играм. После 20 години во фудбалот, ова ќе биде непроценливо искуство за мене во спортот што го сакам. Јас редовно гледам хокеј и како дете порано играв хокеј“, вели Чех.