Од следната сезона во „Ла Лига“ ќе се игра со топка од „Пума“

0

Компанијата за производство на спортска опрема Пума и шпанската „Ла Лига“ објавија дека потпишале договор за партнерство. Компанијата со седиште во Германија, ќе ја снабдува лигата со официјалната топка со која ќе се играат натпеварите од шпанскиот шампионат, но ќе произведува уште многу предмети поврзани за „Ла Лига“.

“Партнерството влегува во сила во новата сезона 2019-2020. Освен на натпреварите во „Ла Лига“, и оние натпревари во втората и треттата лига од шпанскиот фудбал ќе се играат со топки од Пума. Параметрите од договорот не се објавени, но минатиот месец имаше една информација де Пума, најверојатно, ќе плаќа 5 милиони евра годишно. Договорот меѓу двете страни е до крајот на сезоната 2021-2022.

Досега, техничкиот партнер на „Ла Лига“ беше американската компанија „Најк“. Натпреварите во Шпанија секогаш се играа со топки од „Најк“ од сезоната 1996-1997 година. Претседателот на „Ла Лига“, Хавиер Тебас сепак беше незадоволен дека од „Најк” бидејќи не направија специјална серија топки само за шпанското првенство, и најави дека топки се идентични како оние во останатите големи првенства. Освен во „Ла Лига“ со „Најк“ токи се игра во Премиер Лигата и во Серија „А“.

„Чест е за нас, дека голем бренд како „Пума” ќе работи со „Ла Лига“, најдоброто првенство во светот. Убедени сме дека ова партнерство ќе донесе многу позитивни работи и на двете страни”, рече маркетинг директорот на „Ла Лига“ Хуан Карлос Дијаз.

Пума се враќа на фудбалскиот пазар откако со години наназад беше во сенка на „Адидас“ и „Најк“. Компанијата потпиша договори со англискиот шампион Манчестер Сити и седумгодишниот европски шампион Милан. Во Шпанија, компанијата ги обезбедува со опрема екипите на Џирона и Валенсија.

Share.

Leave A Reply