Одбојкарите го дознаа распоредот

0

Нашите најдобри одбојкари го дознаа распоредот за квалификациите за место на Европското првенство во 2021 година.

На првиот турнир во Данска на 8 јануари ќе играат: Босна и Херцеговина – Турција (16 часот) и Данска – Македонија (19 часот). На 9.јануари двојките се: Турција – Македонија (16 часот) и Босна и Херцеговина – Данска (19 часот). На 10.јануари ќе се сретнат Македонија – Босна и Херцеговина (16 часот) и Турција – Данска (19 часот). Вториот турнир во групата „Ц“ ќе се реалзира во нашава земја. На 15.јануари: Данска – Турција (17.30 часот) и Македонија – Босна и Херцеговина (20.30 часот). Ден потоа Турција – Босна и Херцеговина (17.30 часот) и Македонија – Данска (20.30 часот) додека во последното коло на
17.јануари: Босна и Херцеговина – Данска (17.30 часот) и Македонија – Турција (20.30 часот).

Пласман на Европското првенство ќе обезбедат првите репрезентации во седумте квалификациски групи како и петте најдобро второпласирани.

 

Share.

Leave A Reply