Македонската машка одбојкарска репрезентација денеска ќе го има дебитантскиот настап на големо меѓународно натпреварување.
Станува збор за Европското првенство кое за прв пат се реализира во четири земји. Македонија ќе биде во групата „Ц“ и натпреварите ќе ги одигра во салата –„Стожице“ во Љубљана. Прв предзивик за нашите „Спартанци“ ќе биде селекцијата на Финска. Двете земји досега не се сретнале во ниту едно натпреварување а проценките велат дека квалитетот е изедначен и дека можеме да ги очекуваме првите бодови. Мечот ќе започне во 17.30 часот.
Покрај Финците во нашата група се уште и бранителот на тронот Русија, потоа домаќинот Словенија и селекциите на Турција и Белорусија.