Одбојкарите ја очекуваат втората победа

0

Нашите најдoбри одбојкари денеска со мечот против Косово ќе го завршат настапот во групната фаза во Сребрената европска лига.

Средбата која ќе започне во 20.15 часот во СРЦ Кале нема натпреварувачко значење бидејќи Македонија ќе се појави како организатор на завршниот Ф4 турнир на 15 и 16 јуни во Скопје додека Косово од претходно ги загуби шансите за висок пласман.

По денешните натпревари од 6.коло ќе биде познато кои земји покрај Македонија ќе продолжат во трката за победничкиот пехар. Од нашата група „А“ во игра се Летонија и Австрија кои се борат за првото место додека од групата „Б“ најголеми шанси имаат Хрватска и Белорусија (Б група).

Share.

Leave A Reply