Македонската одбојкарска репрезентација дојде до историски пласман на Европско првенство откако со 3-0 ја победи Унгарија и ги искористи поразите на Азербејџан и Израел.
Прво „викинзите“ го победија Азербејџан а потоа отпишаната Летонија славеше против Израел по што нашите „Спартанци“ сами си ја решаваа судбината.
Тие во СРЦ Кале максимално мотивирано успеаа да ја прегазат Унгарија со посакуваниот резултат од 3 спрема 0 и да обезбедат настап на Континеталниот собир. Првиот сет го добивме со 25:21, вториот со 25:20 а третиот со 25:21.