Одбојкарите остануваат без бод

0

Нашите најдобри одбојкари не успеаа да направат изненадување против фаворизираната Русија и го претрпеа третиот пораз на Европското првенство.

Во групата во Словенија која се реализира во салата –„Стожице“ во Љубљана, нашите одбојкари загубија очекувано од „Зборнаја“ со 3 спрема 0 по сетови (15-25, 16-25, 28-30). Актуелниот европски првак лесно ги доби првите два сета додека нашите „Спартанци“ пружија силен отпор во третиот кој го загубија на разлика со 30 спрема 28.

Ние по три кола сме на дното на табелата со три порази  од Финска, Турција и Русија додека Русите се на чело на табелата со максимален ефект. Македонија утре е слободна а потоа ќе ги одигра и последните два меча во групната фаза.  В понеделник ќе играме со Белорусија а ден потоа со домаќинот Словенија.

Share.

Leave A Reply