Одбојкарската репрезентација на Македонија го заврши настапот од групата А во рамките на сребрената Европска лига на ЦЕВ.
Вечерва нашите одбојкари очекувано со убедливи 3:0 (25:17, 25:10, 25:21) го совладаа Косово и тоа по втор пат во овие натпревари. Нашите одбојкари лесно дојдоа до оваа победа, како штѕо се очекуваше, но бидејќи на останатите натпревари беа поразени ќе мора токму од тие средби да извлечат поука за настапот на Ф4 во Скопје.
И на овој натпревар наши најдобри поентери беа Никола Ѓорѓиев со 18 поени, додека Милев и Љафтов зад своето име имаа по 12 поени. Досега Македонија има одиграно 44 натпревари во Европската лига,а вечерва ја оствари својата 32-ра победа. Од нашата група на Ф4 турнирот во Скопје освен Македонија доаѓа и селекцијата на Летонија, додека од групата Б во Скопје ќе допатуваат
Белорусија и Хрватска. За тоа кој ќе биде противник на нашите одбојкари ќе дознаеме по утрешната ждрепка во седиштетот на ЦЕВ.