Одбојкарите попладнево ќе ги добијат ривалите за ЕП

0

Македонската одбојкарска репрезентација вечерва од 18:30 часот на ждрепката во Брисел ќе ги дознае противниците на европското првенство кое ќе се одржи од 12 до 29 септември годинава.

Македонија е во четвртиот шешир од каде ќе очекува по еден противник од преостанатите шест шешири. Домаќините на ова ЕП: Франција, Белгија, Словенија и Холандија веќе ги заземаа своите места во секоја од четирите групи и чекаат ривали од преостанатите пет шешири.

Во првиот се: Русија, Србија, Полска и Италија, потоа во вториот: Бугарија, Германија, Финска, Чешка, а во треиот: Естонија, Словачка, Турција, Португалија. Македонија е во ист шешир со Шпанија, Украина и Грција кои сигурно нема да ни бидат противници, додека во петтиот шешир се рангирани: Белорусија, Црна Гора, Романија и Австрија.

Share.

Leave A Reply