Одбојкарите посакуваат втора победа

0

Одбојкарите на Македонија и на Турција денеска од 18.00 часот ќе го затворат првиот дел од квалификациите за пласман на Европското првенство кои се оддржуваат во Скопје во СЦ Борис Трајковски.

Двете селекции претходно успеаа да слават  против БИХ што значи дека претстои меч за првото место. Веднаш по првиот турнир на истата локација ќе стартува и вториот.

Пласман на Континеталниот собир ќе обезбедат победниците од седумте групи како и најдобрите пет второпласирани селекции.

Share.

Leave A Reply