Одбојкарите против БиХ ги почнуваат квалификациите за ЕП 2021

0

Одбојкарска репрезентација на Македонија вечерва (18 ч.) со натпревар против селекцијата на Босна и Херцеговина ги почнува квалификациите во Скопје за пласман на европското првенство 2021. Како домаќини ќе се соочиме со БиХ и Турција во борбата за едно од двете места кои водат на завршницата на континенталниот собир.

По контролните средби со селекција на Бугарија, избраниците на Никола Матијашевиќ денеска излегуваат на мегдан со селекцијата на Босна и Херцеговина. Според најавите, Босанците имаат прилично непознат тим, но тие остануваат наша најголема шанса за пат на ЕП.

„Босна и Херцеговина изгледа навистина добро, но првата линија ја знам и сметам дека ние сме поквалитетни од нив. Но без разлика на тоа, треба да играме максимално затоа што знаеме дека најтешко се добиваат добиените натпревари. Имаме искуство, знаење и квалитет за да пристапиме вистински, да оствариме две победи над босанската репрезентација и потоа да се бориме со Турција за првото место во групата“, вели капитенот Никола Ѓорѓиев пред првиот меч со БиХ.

Share.

Leave A Reply