Одбојкарите се израдуваа на првата победа на ЕП

0

Македонската машка одбојкарска репрезентација ја забележа првата победа на Европското првенство откако во групата „Ц“ во Љубљана беше совладана Белорусија со 3 спрема 1.

Во првиот сет по голема борба победија Белорусите со 25:23 додека нашите „Спартанци“ вратија во вториот со 25:19. Во третиот сет Македонија победи на разлика со 29:27 а во четвртиот со одлична партија стигна до победа со  и ги прокнижи првите бодови во групата. Денеска во вториот меч во нашата група Русија ја совлада Финска со максимални 3:0.

Утре во 17.30 ние ќе играме со домаќинот Словенија додека во 20.30 часот Турција ќе се сретне со Белорусија.

Share.

Leave A Reply