Одбојкарите во полуфиналето против Хрватска

0

Македонската одбојкарската репрезентација во полуфиналниот меч на Ф4 турнирот кој ќе се игра во Скопје, ќе се сретне против селекцијата на Хрватска. Вака одлучи денешната ждрепка за завршните турнири во европските натпреварувања, меѓу нив и Ф4 турнирот од Сребрената европска лига.

Во второто полуфинале против себе ќе играат репрезентациите на Летонија и Белорусија. Полуфиналните натпревари ќе се играат на 15 јуни во СРЦ „Кале“, додека ден подоцна се завршните средби.

Share.

Leave A Reply