Одбојкарската репрезентација на Македонија го завршува престојот во Маврово, но ги продолжуваат подготовките за историскиот дебитантски настап на Европското првенство.
Подготовките ги почнаа со собир на 14 јули, од кога избраниците на селекторот Никола Матијашевиќ работеа на физички и на тактичко-технички план, а отсега преку пријателски натпревари ќе се темпира формата за квалитетен настап на ЕП во Словенија, за нашата репрезентација.
Претстојниот викенд одбојкарите ќе одиграат двомеч со Романија во Крајова, а без разлика на најавите дека ќе остане во Скопје, сепак, Александар Милков ќе патува со репрезентацијата.
Одбојкарот кој што игра на позиција примач, долго ја санираше повредата на коленото, подоцна се приклучи и се уште физички не е на потребното ниво, па токму поради тоа веројатно нема да ризикува и да игра против Романија. Поради повреда на стомачните мускули, за Романија нема воопшто да патува Марко Јуниор Стошиќ.