Одиме на победа против Естонија

0

Македонската кошаркарска репрезентација со денешниот прв меч против Естонија (20.15 ч.), во СЦ „Борис Трајковски“, во Скопје, ги почнува квалификациите за пласман на Евробаскетот 2021. По сите проблеми со вирусот и повредите, селекторот Александар Тодоров е оптимист и најави битка за првата победа.

Естонија е противник против кој во последниот квалификациски циклус пред две и пол години бевме двапати поразени. Денешниот дуел е шанса за одмазда.

Влезницата за мечот со Естонија чини 100 денари, а сите средства ќе бидат донирани во хуманитарни цели, информира КФМ. За сите оние кои не можат да дојдат и да ја бодрат нашата репрезентација, Спортското радио 90.3 фм ќе има директни вклучувања од средбата во својата програма.

Share.

Leave A Reply