Одличен потег на ФФМ

0

Претседателот на ФФМ, Муамед Сејдини изјави дека медицинските лица кои се во првите редови во борбата против ковид-19, ќе имаат приоритет за купување на влезници за Европското првенство на кое премиерно ќе учествува и Македонија.

„Знам дека е премалку, но, чуствувам потреба на медицинскиот персонал на скромен начин да им се оддолжиме за пожртвуваноста. Да им ја искажеме нашата почит за работата што ја прават и да покажеме дека сме општество што цени вистински вредности. Најсреќен би бил кога во јуни 2021 година нашите медицински лица би ги замениле маските и скафандерите со навивачки реквизити, кога трагите од нив и уморот на нивните лица ќе ги заменат со насмевки за головите што ќе ги постигнат нашите на Европското првенство.“ – стои во изјавата на Сејдини.

УЕФА нема донесено одлука околу бројот на влезници кои ќе бидат пуштени во продажба. Од претходно беше најавено дека Македонија треба да добие околу 20.000 влезници по натпревар.

 

Share.

Leave A Reply