Организаторите на трките од Светскиот куп во алпско скијање во австриски Кицбил, беа принудени да го откажат денешниот спуст, поради лошите временски услови. Во текот на ноќта, во Кицбил и на патеката почна да врне дожд, а потоа и снег, особено во долниот дел каде состојбата на патеката веќе не ги гарантираше безбедносните услови за скијачите.
Организаторите на славната Ханенкама вчера едвај успеаја да го одржат спустот што првично требаше да се одржи една недела порано во Венген, Швајцарија.