ЕХФ денескасоопшти дека средбата во Скопје меѓу Вардар и Елеверум во Лигата на шампионите во ракомет е одложена на неодредено време.
Со оглед на сложената епидемиолошка слика во нашиот главен град поради корона-вирусот, Македонија е на црвената листа на земји во Норвешка што значи дека играчите на Елверум ќе мораат да имаат задолжителен карантин при враќањето од нашата земја.
Затоа, Европската ракометна Федерација процени дека мечот треба да биде одложен. За нов термин ќе се преговара со двата клуба.