Иако подготовките на организацијата за Скопскиот маратон беа во финална подготовка, сепак, поради влошувањето на ситуацијата со коронавирусот, истиот е одложен за 4 октомври. Како што објавија од организаторите, годинава трката низ улиците на Скопје ќе се одржи подоцна во текот на годината.
„Заради влошувањето на ситуацијата со Корона вирусот, COVID-19, како нај нас така и во светот, и заради почитување на мерките кои ги превзема нашата Влада заедно со институциите и препораките од Светската здравствена организација, Сојузот на спортови на Скопје како организатор на Виз Ер Скопскиот маратон кој беше планиран за 10 мај 2020, донесе одлука трката да се одложи за 4 октомври 2020 година. Сите пријави остануваат важечки и се префрлаат за новиот датум, а доколку некој од пријавените е спречен од било кои причини да учествува на новиот датум, ќе им бидат понудени следниве опции:
– промена на постоечката регистрацијата на друго име за 4 октомври 2020 година
– откажување на регистрацијата за 2020 и добивање бесплатна регистрација за 2021 година
– откажување на регистрацијата за 2020 и учество на Виртуелна онлајн трка 2020
Пријавувањето останува отворено до 15 септември 2020 година“, се вели во соопштението од Виз Ер Скопскиот маратон.