Одложен мечот меѓу МЗТ Скопје А. и Пелистер

0

МЗТ Скопје нема може да дигне глава од проблеми. По повредите, тимот од Аеродром се соочува со позитивни случаи на Ковид-19. По тренерот, Дарко Радуловиќ, на листата на заразени е Дамјан Стојановски.

Челниците на клубот со дозвола на Пелистер побараа одложување на дерби натпреварот, кој беше закажан за утре.

Поради ново настаната состојба во екипата на КК МЗТ Скопје Аеродром со двајца потврдени случаи позитивни од КОВИД 19, тренерот Радуловиќ Д. и играчот Стојановски Д. и опасност од ширење на заразата на другите актери на натпреварот, натпреварот КК МЗТ Скопје Аеродром – КК Пелистер кој треба да се одигра на 04.04.2021 година се одложува.

Датумот за одигрување на натпреварот ке биде дополнително закажан  од страна на Комесарот за натпреварување во консултација со клубовите и КФСМ.

Share.

Leave A Reply