Одложен мечот Металург – Работнички, кај гостите 15 позитивни на ковид-19

0

Средбата од четвртото коло на македонската Суперлига, меѓу екипите на Металург и Работнички, е одложена на неодредено време, откако тимот на Работнички пријави дури 15 ракометари позитивни на Ковид 19.

Овој натпревар требаше да се игра денес од 18 часот во Автокоманда. Сега се чека одлуката на РФМ, која во слична ситуација комплетно го суспендираше натпреварувањето во групата “А“.

Металург вчера играше со Криенс во квалификациите за Европската лига, а сега ќе продолжи со подготовките за реванш средбата која идниот вторник се игра во Швајцарија, а каде Металург треба да ја брани предноста од првата средба од 26:24.

Share.

Leave A Reply