Одложен олимпискиот квалификациски турнир во Карате

0

Светската карате федерација (ВКФ) синоќа информираше дека квалификацискиот карате турнир за пласман на ЛОИ во Токио е одложен. Настанот требаше да се одржи во Париз (Франција) оваа година, но истиот ќе биде суспендиран поради одложувањето на Олимписките игри Токио 2020 за следната година.

Светската карате федерација дополнително ќе одлучи за подоцнежниот датум за одржување на настанот. Првиот олимписки квалификациски турнир за овој спорт ма ЛОИ во Токио првично беше закажан за мај 2020 година, но истиот беше презакажан за јуни 2020 година, заради појавата на коронавирусот.

Share.

Leave A Reply