Челниците на СЕХА лигата донесоа одлука да ги прекинат активностите откако Светската здравствена организација прогласи пандемија поради корона –вирусот.
Тоа значи дека реванш натпреварот од четвртфиналето на СЕХА лигата меѓу Вардар и Нексе нема да се одигра в недела во СЦ „Јане Сандански“. Тој е одложен на неодредено време.
Истото се однесува и за утрешниот меч меѓу Веспрем – Војводина. Ќе потсетиме дека завршниот Ф4 турнир на СЕХА треба да се реализира од 3. до 5. април